Pirelli ќе мора да уништи најмалку 1.800 тркачки гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од главните снабдувачи на тркачките тимови во Формула 1 – италијанскиот Pirelli е принуден да уништи 1.800 парчиња гуми со тркачките болиди како резултат на откажување на Ф1 трките поради глобалната пандемија на коронавирус. Овие 1.800 гуми се само за првите три трки (Австралија, Виетнам и Бахреин)

Проблемите во СП во Формула 1 почнаа со откажувањето на трките во Бахерин, Виетнам и Кина, па потоа и со првата трка во Австралија. Продолжи и со трките во Холандија, Шпанија и Монако. Последната трка што е откажана е таа во Азербејџан планирана за 7 јуни 2020. Неизвесно е кога ќе почне првенството.

Италијанскиот производител ќе мора да ги уништи тркачки гуми и покрај тоа што тие се сосема нови и неискористени. Тоа ќе го направи со нивно сечење на парчиња. Инаку, праксата да се уништи гума со сечење не е нова. Ова често се прави со неискористени комплети за гуми, најчесто неизработени за возење на мокри површини.

„Ги сечеме гумите на мали парчиња за да можат лесно да се транспортираат назад или полесно да се пакуваат во помали контејнери. Во Велика Британија, тие се рециклираат во фабриката за цемент кај Дидкот, каде што се горат на висока температура, создавајќи енергија, но не и загадување. Инаку, постојано истражуваме голем број начини за нивно рециклирање, но засега го правиме тоа на споменатиот начин “, изјави Марио Изола, шефот на спортот на Pirelli.

Главниот проблем со тркачките гуми на Pirelli е што не можат да се користат повторно откако ќе се монтираат на тркачките бандажи бидејќи може да бидат трајно оштетени кога ќе се отстрануваат.

Вкупно 1.800 гуми, кои сè уште не се монтирани на тркалата, биле испорачани во Бахреин и Виетнам, според претходно договорениот календар за трки. Сепак, заради неопходните мерки на претпазливост, овие трки беа одложени.

Инаку, цената на една тркачка гума F1 Pirelli P Zero е помеѓу 650 и 700 долари.