McLaren ќе прави сопствен мотор по 2021?

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на McLaren e на добар пат да постигне договор со Renault за снабдување на мотори, но истовремено Ф1 тимот потврди дека размислува за создавање на сопствен мотор според новите правила што ќе важат од 2021 година.

Зборувајќи за Motorsport на ГН на Италија, извршниот директор на McLaren, Зак Брон изјави дека се надева дека промените што ќе се прават следната декада ќе го направат спортот по привлечен и пофер.

„Заинтересирани сме да ги видиме новите правила што ќе се воведат во 2021 година, и ќе решиме дали ќе правим есопствен мотор и дали други ќе влезат со новите правила. Сега сме фокусирани на следните три сезони, и потоа кога ќе дојде време ќе размислуваме и за следните чекори. Мислам дека изгледот на Ф1 во секоја насопка и смисол ќе се смени по 2021 година, со ограничување на буџетот, поголема распределба на добивката и новите правила за моторите, изјави Брон.

Во моментов McLaren се уште не може да фати ритам со водечките тимови и се мачи да направи добар пакет на шасија и мотор. Фернандо Алонсо е дел од тимот, но постојано се споменува негово заминување бидејќи нема конкурентен мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK