Леклер и Сајнц во промотивно видео за Ferrari SF90 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari на својот официјален YouTube канал објави ново промотивно видео за моделот Ferrari SF90 Stradale Spider, а во главната улога покрај овој супер автомобил, ја имаат и Шарл Леклер и Карлос Сајнц, годинешните возачи на Ferrari во Формула 1 шампионатот.

На видеото се прикажани брзинските перформанси на овој новитет на италијанскиот производител, а сето тоа се случува на легендарната патека во Имола.

Што се однесува до самиот автомобил и брзинските перформанси, истиот располага со 1.000 КС и тоа благодарение на комбинацијата на 4,0 литарскиот twin-turbo V8 мотор со 780 КС и 800 Nm како и трите електромотри со вкупно 220 КС.

Со оваа комбинација на мотори, до стотка забрзува за 2,5 секунди, а од 0 км/ч до 200 км/ч забрзува за 7 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 340 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK