Кога Даниел Рикиардо ќе седне зад воланот на McLaren Artura (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Artura е моделот со кој британскиот производител McLaren влегува во новата ера од деловното работење. Во таа насока на својот YouTube канал објави видео кое во главна улога ја имаат McLaren Artura и Даниел Рикиардо.

Адреналинското видео е снимено на патеката Брендс Хеч, во Кент, Англија, a Ф1 возачот прави одлични маневри со овој автомобил кој располага со 3.0 литарски twin-turbo V6 бензински мотор кој заедно со електромоторот продуцираат вкупно 671 КС и 720 Nm.

Во однос на останатите технички карактеристики, овој автомобил е тежок 1.495 кг, а до стотка забрзава за само 3 секунди. До 200 км/ч забрзувањето изнесува 8,3 секунди ддоека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 330 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK