Хамилтон вози за Mercedes, но сака и други автомобили (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Трикратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон со Mercedes поставува нови рекорди на тркачката патека, но покрај возилата на германскиот производител во својата гаража има и други модели. Со годишни приходи од околу 46 милиони долари не му претставува проблем да одвои некој милион за некое ново милениче.

Во гаражата на Хамилтон има егзотични возила што Британецот приватно ги вози при различни поводи.
Еве што сѐ има Хамилтон во својот „имотен лист“ на автомобили.

 

Pagani Zonda 760 LH
Ова е специјално направен модел по барање на Хамилтон, и е еден од 13-те вакви возила Pagani Zonda 760. Со пупрурна боја ова е еден од првите ваки возила со мануелен менувач, бидејќи Хамилтон сакал да ужива во возењето. Но, познат е и по многу забавување и малку спиење, па ова возило имаше и несреќа во Монако. Вредноста е околу 1,7 милиони евра.
Има V12 мотор со 750 КС, и забрзува за 2,6 секунди.

 

Shelby 427 Cobra
Модел од 1966 година. Возилото е дизјанирано во соработка со Ford во Детроит. Овој модел има поголем отвор за ладилникот. Некои модлеи на Cobra 427 со снабдени со 7 литарски мотор и направен пред сѐ за возење по улица а не за тркање.
Сличен модел како на Луис Хамилтон неодамна бил ставен на аукција и се очекува да биде продаден за 1,4 до 1,8 милиони евра.

 

Mercedes AMG SLS Black Series
Нормално е во колекцијата на Луис Хамилтон да има возило на Mercedes. Во времето кога го добива немаше поможно возило произведено од Mercedes.
Дополнителни 59 КС биле додадени на 6.2 литарскиот V8 мотор кој може да „извади“ 622 КС. Забрзува за 3,5 секунди.

 

McLaren P1
Иако веќе не соработува со тимот на McLaren, сепак има долга соработка со тимот од Вокинг. Во 2015 година го доби McLaren P1 во неговиот дом во Монако.
Овој P1 има 3.8 литарски твин турбо V8 мотор, и испорачува 727 КС, а во комбинација со електромоторот добива уште 176 КС. Вкупната моќ на возилото е 903 КС и 980 Нм вртежен момент.

 

Ferrari LaFerrari
Секој што сака да се трка, знае дека Ferrari е бренд, а неговите возила икона во моторспорт. Хамилтон во својата колекција има и возило од ривалски Ф1 тим, и тоа 1,3 милиони евра вреден Ferrari LaFerari. Нормално и тука Хамилтон додал нешто свое при нарачката за да биде возилото персонализирано, па така покривот е црвен, наместо стандардниот црн. Тркалата имаат црна боја со црвени шрафови.
LaFerrari им 6.3 литарски мотор и е способен да достигне брзина речиси 300 км/ч. Моторот им асила од 789 КС, и плус 161 КС од КЕРС системот, кој овозможува дополнителна сила на кратка релација.

 

Ford Mustang Shelby GT500
Моделот Shelby GT500 од 1967 година е првиот модел во понудата на Shelby GT500. Се базира на Mustang Fastback од 1967 и опремен е со 7 литарски V8 што се произведувал во 1967 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK