Хамилтон во самоизолација!

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќекратниот шампион во Формула 1, британецот Луис Хамилтон е во самоизолација. Ова го потврди самиот возач кој наведе дека на овој потег се одлучил поради тоа што претходно бил во контакт со Идрис Елбa, глумец кој е позитивен на коронавирусот.

“Сакам да ве известам дека сум добро. Имаше многу шпекулации за моето здравје поради тоа што бев на настан на кој присуствуваа две лица за кои подоцна се потврди дека се позитивни на коронавирусот” изјави Хамилтон. Тој додаде дека нема никакви симптоми.

Британецот додаде дека е во самоизолација од минатиот петок, кога и беше одложена трката во Австралија со која требаше да стартува сезоната во Формула 1.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK