Хамилтон со пол позиција во Канада и подарок од семејството Сена (+ Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Луис Хамилтон е на одличен пат да стане најдобриот возач во квалификациите на Формула 1, бидејќи му требаат уште пет пол позиции да се искачи на првото место. Сега со освојувањето на првата позиција за ГН на Канада, Британецот собра 65 пол позиции во кариерата, израмнувајќи го рекордот на Аиртон Сена и сега е на делба на второто место на вечната листа.

На возачот на Mercedes му требаат уште пет победи да го надмине и Михаел Шумахер. Луис Хамилтон имаше за 0,330 секунди подобро време од Себастјан Фетел кој трката ќе ја почне веднаш зад возачот на Mercedes. Од вториот ред ќе тргнат Валтери Ботас и Кими Раиконен.

По освојувањето на пол позицијата Луис Хамилтон доби и интересне подарок од семејството на Ауртон Сена, реплика на кацигата на легендарниот возач од 1987 година. Оригиналната ќе му биде врачена кога ќе се врати дома во Монте Карло, бидејќи поради осигурувањето таа останала во Европа.

Трката се вози во недела, 12 јуни во 20 часот по македонско време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK