Хамилтон нема да ги „брка“ рекордите на Шумахер

ОБЈАВЕНО НА:

Моментно водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Луис Хамилтон има цел да победува, но нема да ги „брка“ седумте рекордни титули на Михаел Шумахер. Британецот веќе го надмина по бројот на пол позиции, но титулите се уште поголем предизвик.

„Доволно тешко беше освојувањето на досегашните три титули, не можам да гледам толку напред, изјавил Хамилтон.
Тој има зацртано петгодишен план, но истиот постојано се менува поради различни причини.

„Сега сум фокусиран на освојување на четвртата титула. Прв сум во генерален пласман иако има уште многу да се вози. Се радувам на предизвиците, а годинава имаме сериозно ривали во Ferrari и Red Bull на некои патеки. Сѐ што ме интересира е следната трка, и како да се победи на некоја трка. Не бркам никакви рекорди, извјави Хамилтон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK