Формула 1 се враќа? Гледајте ги во живо Хамилтон, Хулкенберг, Вандорн, Гутиерез

ОБЈАВЕНО НА:

По откажувањето на неколкуте трки во Формула 1, сепак ќе може да гледате како мајстори на возењето се натпреваруваат на Ф1 патека. Наместо СП во Ф1 следните викенди кога според календарот беа закажани трки ќе има ВИРТУЕЛНА Ф1. Првата виртуелна Ф1 трка што ја подржаа сите „вистински Ф1 тимови„ се составена од ѕвезди од сите сфери.

И се вистински, само што се вози на компјутер, виртуелно. Сите се споени на патека со еднакви болиди, исти перформанси и треба да понудат забава. Првата трка е во Бахреин. Ќе се возач и квалификации, а потоа и 28 круга. Истите што ги возат и на Ф1.

На патеката ќе се појават возачите на Формула 1, олимписките медалисти, па дури и интернационални музички звезди што ќе придонесе за вистински спектакал. Возачите од Ф1 минатото, сегашноста и иднината ќе ја преземат централната сцена, како и легендите од светот на спортот и забавата.

Секој тим номинираше по двајца возачи, според сопствените убедувања и размислувања.
Mercedes повика двајца возачи, сегашниот тест возач Вандорн и поранешниот Гутиерез. Ferrari повика двајца возачи од нивната академија Роберт Шварцман и Дино Бегановиќ. Дино е роден во Шведска, но има балканско потекло.

Тука се и братот на Луис Хамилтон, Николас кои ќе возат за McLaren, поранешниот Ф1 возач Ландо Норис, па олимпиецот Сер Крис Хој. Има и „моторџија“, Лука Салватори кој ќе вози за Alpha Tauri

Се враќа и Нико Хулкенберг, а има и неколку аналитирачи на Скај спорт. Меѓу познатите е и Лиам Пејн, поранешната звезда на One Direction, кој сега ќе вози за Williams.

Трките можете да ги гледате на
FB – https://www.facebook.com/Formula1/
YOUTUBE – https://www.youtube.com/watch?v=DYsySLIMOGA

Екипи и возачи

MERCEDES
Stoffel Vandoorne
Esteban Gutierrez

FERRARI
Robert Shwartzman
Dino Beganovich

RED BULL
Sir Chis Hoy
Phillipp Eng

Alpha Tauri/Toro Rosso
Matthew ‘Sadokist’ Trivett,
Luca Salvadori

Renault –
Ian Poulter,
Guanyu Zhou

Haas –
Paul ‘Redeye’ Chaloner,
Anthony Davidson

Williams –
Nicholas Latifi,
Liam Payne

Racing Point –
Jimmy Broadbent,
Nico Hulkenberg

Alfa Romeo
Johnny Herbert
Aamir ‘Cyanide‘ Thacker

McLaren
– Lando Norris,
Nicholas Hamilton