ФИА прави план за заштита на пилотите во Ф1

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) и челниците на Формула 1 на 6 декември ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за безбедноста на трките, а повод за ова е серијата напади за време на ГН на Бразил.

Додека траеше натпреварувањето во Бразил беа пријавени три обиди за грабежи на лицата од Формула 1 и ФИА, а тоа беше причина Пирели да го откаже тестирањето на гумите кое требаше да трае два дена.

Со цел подобрување на безбедноста, на состанокот ќе стане збор за сите мерки кои би требало да бидат преземани за слични ситуации да не се повторуваат во иднина. Двете институции Формула 1 и ФИА мораат да работат заедно за да можат да ја осигураат безбедноста на учесниците и љубителите на овој спорт и да ги заштитат од крадците и другите напаѓачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK