ФИА одреди драстична казна: Racing Point да плати 400.000 евра и му се одземаат 15 бодови

ОБЈАВЕНО НА:

ФИА го казни тимот на Racing Point со одземање 15 бода и плус парична казна од 400.000 евра бидејќи задните сопирачки биле копија на оние на Mercedes. И покрај казната тимот ќе може да го користи спорниот дел во иднина.

Сакајќи да биде поконкурентен од другите, тимот на Racing Point направи прекршок и копираше делови од болидот на Mercedes од 2019 година. И така тргна жалбите на тимовите за спорниот дел што го користи тимот. Од таборот на Racing Point признаа дека инспирација земале од шампионскиот болид на „сребрената стрела“ но се правдаа дека не ги прекршиле правилата.

Копирањето не е забрането и тимовите често земаат идеи на ривалите, но одредени делови треба да бидат самостојно развиени и изработени. Особено за оние делови што не се видливи со голо око. Нивното копирање не е дозволено.

Па по втората трка сезонава во Австрија, тимот на Renault ги оспори сопирачките на Racing Point, односно каналите за ладење на задните сопирачки. Тимот исто така беше опоменет поради користењето на сопирачките на ГН на Унгарија и ГН на Британија.

ФИА денеска донесе одлука и реши да го казни тимот на Racing Point со одземање на 15 поени во генералниот пласман на конструктори како и парична глоба во износ од 400.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK