F1: Сезоната не започна, а веќе е одложена првата трка

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сезоната во Формула 1 се уште не е почната, првата трка е веќе одложена. Како што пренесуваат некои медиуми, трката за Големата награда на Австралија која е закажана за 21 март е одложена, а официјалната потврда од организаторите ќе биде соопштена во текот на овој месец.

Пречка за одржување на оваа трка се рестриктивните мерки кои поради пандемијата на коронавирусот се воведени во Австралија, а кои предвидуваат забрана за патување.

Оттука, трката би требало да се одржи кон крајот на годината, а на 21 март најверојатно ќе се вози трката во Бахреин која првично беше закажана за 28 март.

Инаку во новата сезона на програмата се 23 трки. Сезоната чиј почеток е неизвесен предвидено е да заврши на 5 декември со големата наградата на Абу Даби.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK