Ф1 одложени уште три трки – сега сезоната ќе почне на 7 јуни во Азербејџан

ОБЈАВЕНО НА:

Никако да започне новата сезона од најпопуларното авто-мото натпреварувње – Формула 1.

Откако претходно организацискиот одбор ги одложи трките во Австралија, Кина, Бахреин и Виетнам пристигна веста за одложување на уште три трки.

Станува збор за трките за големите награди на Холандија, Шпанија и Монако. Причината за ова е коронавирусот, а засега не е познато кога истите ќе се возат.

Сега според календарот, следна трка која ќе се вози е онаа во главниот град на Азербејџан, Баку, која е закажана за 7 јуни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK