Aston Martin се враќа во F1

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од 61 година, британскиот производител на спортски автомобили Aston Мartin, повторно се враќа во Формула 1 шампионатот. Како што потврдуваат од FIA, британскиот тим ќе биде дел од трките во F1 од сезоната 2021 година. Новиот тим всушност треба да биде наследник на BWT Racing Point F1 Team кој сега се натпреварува.

“Историјaта и брендот на Aston Мartin има потреба од натпреварување на највисоко ниво во мотоспортот” изјави извршниот директор Лоренс Штрол, поранешен сопственик на Racing Point.

Во моментов први возачи на BWT Racing Point F1 Team се Ленс Штрол, син на Лоренс како и Серхио Перез. Дали и следната година ќе бидат дел од овој тим засега останува непознато, а она што е потврдено е дека базата на тимот ќе биде Силверстон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK