Aston Martin се враќа во F1 – го претстави болидот за новата сезона

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од 61 година, британскиот производител на спортски автомобили Aston Мartin, повторно се враќа во Формула 1 шампионатот. При тоа и официјално е претставен болидот за новата сезона именуван како AMR21.

Церемонијата на премиера на болидот ја водеше Бонд девојката Гема Артертон, а присуствуваа и двајцата возачи. “Сонувавме за овој ден долго време” изјави Лоренс Строл, канадски бизнисмен и извршен директор на овој тим кој поседува 16,7% од акциите.

За Aston Martin Cognizant Formula One Team како што е целосниот назив на овој тим, ќе возат Себастијан Фетел кој го замени Серхио Перез, и Ленс Строл, син на Лоренс Строл.

Инаку новата сезона стартува на 28 март со трката која е закажана во Бахреин. Сезонава, ќе се возат 23 трки, а шампионатот завршува на 12 декември со трката во Абу Даби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK