Aston Martin ќе биде нов главен спонзор на Red Bull

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2018 година главен спонзор на Ф1 тимот на Red Bull треба да биде Aston Martin, пишува Autosport повикувајќи се на добро информиран извор кој е запознаен со ситуацијата. Уште од 2016 година трае соработката на двете компани, a Aston Martin соработува со Red Bull Advanced Technologies околу развојот на супер автомобилот Valkyrie.

Соработката предвидува во иднина името на тимот да биде Aston Martin Red Bull, и ова треба да биде објавено следните недели. Иако медиумите веќе почнуваат да откриваат детали од тимот засега ништо не потврдуваат.

„Можете да шпекулирате колку сакате но јас нема ништо да ви потврдам, изјавил Христијан Хорнер, директорот на Red Bull. „Ние имаме добра соработка со Aston Martin, очигледно и работиме на развој на Valkyrie, супер автомобилот. Одлично соработуваме, продуктот е добра и тие имаат многу добра персонал што работи. Ќе им ановости во следните недели што доаѓаат“.

Првиот човек на Aston Martin, Енди Палмер на гран при викендот во Сингапур што се одржува потврдил дека е таму за да се разговара за идната соработка на двете компании.

„Фер е да кажам дека причината поради која сум тука е разговор за сезоната што следи. И во врска со тоа дали да одиме со сопствен мотор или не во 2021 година, изјави Палмер.

Повеќе автомобилски производители се заинтересирани да се вклучат во Ф1 од 2021 година доколку трошоците не се големи и во зависност од правилата што ќе важат. Се споменува и враќање на Porsche.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK