Ф1: Откажана трката за големата награда на Сингапур

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално е потврдено дека трката за големата награда на Сингапур е откажана. Од организацискиот одбор на трката не дадоа гарации за сигурно одржување, а причината се рестрикциите кои се поврзани со патувањата во оваа земја поради пандемијата на коронавирусот.

Трката на Марина Беј требаше да се одржи на 3 октомври, но сега Ф1 бара адекватна промена за пополнување на календарот. “Имаме поголем број на опции кои може да ги искористиме и прилагодиме на распоредот доколку тоа е потребно” изјави портпаролот на Формула 1 за медиумите.

Претходно беше одложена трката која требаше да се вози во Шангај и Истанбул, а откажана беше и трката во Монтреал. Под знак прашање се и трките кои треба да се возат во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија.

Потполнувањето на празнината може да се направи со дополнителни трки во Шпанија, Италија, Белгија, Германија или Португалија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK