Ендуро тим Водно со четворица мотоциклисти во новата сезона

ОБЈАВЕНО НА:

Клубот Ендуро тим Водно денеска ги претстави мотоциклистите со кои во новата сезона ќе има битка во две различни категории. За разлика од минатата прва година кога екипата беше со двајца мотоциклисти во БМУ брзинскиот мото шампионат, сега има уште двајца нови членови коишто се натпреваруваа во мотокрос.

Христијан Бузалковски и Игор Спиров се староседелци во овој клуб и тие и годинава ќе бидат дел од БМУ шампионатот. За разлика од лани годинава Бузалковски ќе биде во две различни категории. Покрај класата СП 125цц тој ќе вози и во Ф600 со што ќе се обиде да влезе во битка и со оние коишто возат во класа повисоко од неговата досегашна.

Игор Спиров останува во Ф1000 каде што лани имаше добри резултати и беше на подиумот на крајот од сезоната исто како и Бузалковски.

Христијан Станкович и Виктор Караколев ќе се тркаат во мотокрос и тоа во неколку различни натпреварувања така што 2018 година ќе биде богата со настани за тимот на Ендуро тим Водно.

„Ова ни е втора година од постоењето и одлучивме да се прошириме. Одиме напред и веќе имаме четворица мотоциклисти. Работевме напорно во последниот период во обид да дојдеме до нови спонзори и годинава очекуваме одлични резултати од нашите момци“, вели секретарот на клубот, Никола Бошевски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK