Електричната рели Opel Corsa-e е спремна (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најновата објава од страна на Opel носи информација дека специјално развиената тркачка рели верзија на целосно електричната Corsa-e е готова за старт на својот единечен бренд за шампионатот ADAC Opel e-Rally Cup во текот на следната година.

Од Opel објавија дека пред неколку денови тркачкиот дел на брендот Opel Motorsport завршил со тестови со четири претставници на Corsa-e Rally (136 коњски сили) со кои биле поминати вкупно 1500 километри без какви било проблеми.  За време на тестирањата биле поминати неколку специјални тркачки делови при што биле одиграни и сценарија за сервисирање на тркачките автомобили.

Единствениот бренд на шампионатот ADAC Opel e-Rally Cup, кој се очекува да се спроведе во од пролет до есен во 2021 година ќе вклучува осум трки.

Opel Corsa-e

Corsa-e Rally е развиена врз основа на електромобилот Opel Corsa-e и ќе се потпре и на неговиот батериски блок со капацитетот од 50 kWh. Специјално за рели верзијата на електромобилот, погонскиот систем доаѓа со три режими на работа - competition за услови а тркање, дожд за употреба на влажна подлога и eco за движење меѓу одделни етапи во сервис зоната

Corsa-e Rally е развиена врз основа на електромобилот Opel Corsa-e и ќе се потпре и на неговиот батериски блок со капацитетот од 50 kWh. Специјално за рели верзијата на електромобилот, погонскиот систем доаѓа со три режими на работа – competition за услови а тркање, дожд за употреба на влажна подлога и eco за движење меѓу одделни етапи во сервис зоната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK