Џиролами ја загуби победата во последниот круг – Давидовски како 11. освои нови бодови

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами беше неколку километари пред заверка на нова победа во TCR Europe сезонава, но поради грешка во еден свиок каде за момент излета, му овозможи на Шпанецот Исидо Кајелас да се радува на прв триумф сезонава.

На подиумот на третото место се искачи Џош Фајл од Target Competition. Во трка каде уште на почетокот мораше да излезе безбедносното возило, Виктор Давидовски повторно освои бодови освојувајќи го 11 место и нови девет бодови.

За Давидовски ова е првпат да освои бодови на Спа, каде во минатото никогаш немаше пласман за бодови. Трката ја почна од 15. место и веднаш напредуваше напред неколку места. Потоа стигна до 11. место кад еостана до крај. Покрај бодови за генерален пласман, Давидовски освои и нови бодови во конкуренција на Diаmond Cup каде останува лидер.

Тимот на Comtoyou Racing ги имаше сите возачи со бодови. Покрај второпласираниот Џиролами, и Давидовски кој е 11. бодови освои и Том Коронел кој беше петти на целта.

Следната трка се вози утре од 11,35 часот. Давидовски ќе стартува како 15. исто како и денеска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK