Дебитантот Бојан Петрушевски најдобар во квалификациите на Twingo Cup на Монца

ОБЈАВЕНО НА:

Бојан Петрушевски, првпат седна на трка во кабината на Twingo и веднаш покажа дека има квалитет да се носи и со многу поискусни од него, откако бече најдобар Македонец во квалификациите на Twingo Cup што викендов се вози на патеката Монца во Италија. Во конкуренција на 39 возачи, Петрушевски го освои 11. место и ја предводеше групата на македонски возачи.

Веднаш за Петрушевски ќе стартуваат Давид Малинковски и Слободан Трајковски, на 12. и 13. место. Марко Блажевски го освои 15. место а во Топ-20 е уште и Владимир Тренески. Тој имаше пех на слободните тренинзи и на еден свиок излета по што го оштети предниот дел на возилото. Механичарите вложија максимални напори да го оспособат за квалификациите.

Поради големиот метеж на патеката и многуте возила, во квалификациите беше тешко да се извози најбрзо време. Сите што поставија добри времиња во првите 2-3 круга потоа влегоа во сообраќаен метеж на патеката и беше тешко да се извои добро време.
На слободните тренинзи Блажевски, Давидовски и Петрушевски беа во Топ-5.

Од македонските возачи на првата трка во долниот дел на стартниот „грид“ ќе бидат Зоран Мираковски кој имаше 22. време, Ангелче Стојковски на 27 место, Борис Стојменов на 35. и Мурис Хамзиќ на 36 место.

Монца е една од најбрзите тркачки патеки каде традиционално се возат и трките од Формула 1. На два тркачки викенди и четири трки до крај на првенството (Монца и Серес), од деветтемина македонски возаци кои се борат за титулата во првенството на Македонија дури шестмина се со реални шанси да стигнат до титулата. На досегашните пет трки имаше три различни победници, Марко Блажевски, Давид Малинковски и Владимир Тренески.

Првата трка се вози попладнево, а втората утре во 13,10 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK