Давидовски со бодови и трофеј во Diamond Cup на првата TCR Europe трка

ОБЈАВЕНО НА:

Виктор Давидовски со бодови и со освоен трофеј во Diamond Cup ја почна сезоната во TCR Europe на патеката Алгарве во Португалија. Македонскиот возач кој е дел од Comtoyou Racing Теам го освои 13. место на првата трка во конкуренција на 20 возачи и ги освои првите пет бодови сезонава. Исто така го освои и трофејот во Diаmond Cup за возачи над 40 години.

Клупскиот колега на Давидовски, Аргентинецот Франко Џиролами го освои 5. место, а Том Коронел беше осмопласиран и вози за истиот тим како и Давидовски. Победник на трката е Џек Јанг, пред клупскиот колега од Halder Motorsport, Мајк Халдер, а третопласиран беше Никола Балдан.

Давидовски трката ја стартуваше од 16 место, но веќе по првиот круг скокна три места, а потоа беше и 12. Таму се задржа се до осмиот круг кога не издржа под притисокот на Мајк Хомола кој го престигна. Но, до крајот на трката Давидовски возеше солидно и немаше проблеми да ги освои првите бодови сезонава.
Франко Џиролами стартуваше од шестото место, и по првиот круг откако имаше одличен страт дојде до четвртото место, но потоа падна едно место и до крај на трката беше петтопласиран.

Утре се вози втората трка во Португалија, и Давидовски повторно ќе стартува од 16 место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK