Давидовски најави добар TCR Europe викенд – седмопласиран на првиот тренинг во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите на Comtoyou Racing каде вози и нашиот Виктор Давидовски најавија дека и на втората трка од TCR Europe првенството ќе атакуваат на висок резултат. Тоа го покажуваат првите резултати од слободните тренинзи во петокот на кои Давидовски беше седмопласиран, а неговите колеги Том Коронел (2 место) и Франко Џиролами (4 место) со Audi RS 3 LMS TCR потврдија дека се во добра форма.

Денеска се двата слободни тренинзи на патеката Пол Рикар во Франција каде утре и во недела се возат двете трки од првенството на TCR Europe. Лидер во првенството е Франко Џиролами со 68 бода од првата трка во Португалија, а Виктор Давидовски е лидер во Dimond Cup.

Патеката Пол Рикар е долага 5842 м. и ќе се возат две трки по 10 круга. На патеката во Франција во TCR Europe досега никогаш на триумфирале возила на Audi и затоа предизвикот за Cometoyou е поголем. Лани двапати победија возачи на Peugeot со моделот 308 (Теди и Џими Кларе), во 2020 година доминираа возачите на Honda, a во 2018 најдобри возачи беа на Hyundai.

После првата трка во Португалија многумина возачи покажаа амбиции да победуваат и да се борат за титулата што докажува дека сезонава TCR Europe ќе биде навистина конкуретно првенство.

Франко Џиролами и Виктор Давидовски сезонава направија трансфер во тимот на Comtoyou, и на првата трка во Португалија освоија бодови, а Џиролами триумфираше на втората трка.

Денеска се два слободни тренинзи, а утре рано до 9,38 минути се квалификациите, а првата трка е од 13,40 часот. Во недела е втората трка од 12,15 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK