Давид Малинковски ја освои титулата во Twingo Cup на една трка пред крај на првенството

ОБЈАВЕНО НА:

Најдобар македонски возач во конкуренција на 32 возачи на патеката Гробник беше Марко Блажевски кој на целта стигна на седмопласиран, а веднаш зад него беше Давид Малинковски кој беше осмопласиран во генерален пласман на трката. Утре се вози уште една трка на Гробник во 16 часот.

Давид Малинковски е победник на втората сезона во Twingo Cup на првенството на Македонија во организација на АКК Renault Sport Skopje, откако на претпоследната трка го освои второто место. Тоа му беше доволно да направи разлика од 31 бод во однос на Ангелче Стојковски и Мартин во генералниот пласман.

Победник на трката што се во возеше на Гробник, Хрватска беше Унгарецот Саболч Лантош пред Хрватите Ник Стефанчиќ и Лука Глазер. Во првите 10 имаше двајца Македонци, а на целта стигнаа вкупно 27 возачи.

За Марко Блажевски ова е трета трка што ја вози сезонава во Twingo Cup, а претходно двапати возеше исто така на Гробник. Ова е негов прв триумф сезонава, откако седна во автомобилот што претходного управуваше Иван Стефановски.

Уште на самиот старт во третиот круг Малинковски имаше неспортски удар од страна, за момент излета од патеката и од 11. падна на 18 место. Потоа полека се искачуваше место напред и последните неколку кругови беше на осмото место. Марко Блажевски од самиот почеток фати добар ритам од самиот почеток и веќе по првиот круг се искачи на 8. место. Потоа од петтиот круг беше шестопласиран и тој ритам го задржа до самиот крај.

Од другите македонски возачи единствено Владимир Трнески и Ненад Костовски не успеа да извозат доволен број од кругови за да може да влезе во класификацијата за бодови.
Мартин Костовски на целта стигна како 18., Зоран Мираковски е 19., Ангелче Стојковски (21), Слободан Трајковски (22) и Емил Нацка (23).

Во генерален пласман во првенството на Македонија на една трка до крај на првенството Малинковски има 107 бода, пред Ангелче Стојковски и Мартин Костовски кои имаат по 76 бода.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK