Болидот на Шумахер продаден за 6,6 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

На аукција која се одржа во Абу Даби (ОАЕ), а во организација на куќата за аукции RM Sothesby’ s, продаден е болидот на Михаел Шумахер.

Станува збор за Ferrari F2002 со број на шасија 219 со кој Шумахер триумфираше на трките за големата награда на Австрија, Франција и Сан Марино. При тоа новиот сопственик за овој болид плати 6.643.750 американски долари.

На аукцијата беше наведено и дека овој болид претходно го возел Рубенс Баричело, тимскиот колега на Шумахер, и тоа во рамките на тестирањата за сезоната 2002 година на патеката в Барселона.

Инаку таа сезона, Михаел Шумахер убедливо заврши на првата позиција по сите извозени трки и тоа со 144 поени. На втората позиција заврши Баричело со 77 поени додека трет беше Хуан Пабло Монтоја со 50 поени.