Викендов почнува TCR Europe: Давидовски единствен Македонец меѓу европската тркачка елита

ОБЈАВЕНО НА:

Четврта сезона дел од TCR Europe ќе биде Виктор Давидовски, како единствен Македонец што ќе се трка во најсилната европска серија на туристички автомобили. За разлика од лани кога поради ограничувањата со патувањата поради пандемијата Давидовски настапи само на две трки, сега планирано е да се возат сите седум од календарот. Првиот предизвик за поранешниот македонски шампион е патеката Словакија Ринг во Словачка веќе овој викенд.

TCR Europe натпреварувањето е второ по ранг натпреварување со „туристички возила“. Највисокот рангирано е TCR, a ова натпреварување е само во Европа и настапуваат возачи кои зад себе имаат титули, и трки , и победи во регионални натпреварувања во WTCR, различни Куп натпреварувања, Формула 3, FIA GT, и повеќемина кои зад себе имаат многу, многу изминати километри на најтешките тркачки патеки.

Ова ќе биде четврта сезона на TCR Europe, a ланската ќе биде запаметена како најинтересна и најнеизвесна. На последните две трки на патеката Харама во Шпанија, дури пет возачи влегуваат со шанса да бидат шампионите. Наместо титулата да ја освои Мајк Халдер кој дојде како лидер и со најголеми шаси за титулата, а на двете трки не освои ниту еден бод. Шампион беше Мени Бенани од Мароко. Така TCR Europe покажа дека на трките има голема неизвесност дека треба и знаење, среќа и возачки квалитети да се победи на трките, па и да се биде првак.

Најпознатите промени се што во првенствата на туристички возила се враќа тимот на Sebastian Loeb. Во тимот го ангажираа актуелниот првак Меди Бенани. Тимот ќе користи возила Hyundai Elantra N TCR.
– Том Коронел се сели од Boutsen Ginon Racing во Comtoyou Racing каде ќе го замени Мени Бенани.
– Во TCR Europe се враќа по едногодишна пауза и Србинот Душан Борковиќ, и тоа како шампион на TCR Eastern Europe за 2020. Тој ќе го замени Сами Туфик кој заминува во тимот на Sebastien Loeb.

Интересно за TCR Europe е што во бодувањето се добиваат поени и за местото во квалификациите и плус на трката. Во квалификациите бодови освојуваат првите 10, и тоа од 10 до 1 бода, од прво до десетто место. Бодувањето на трката е: од 40 бода првопласиран, 35 за втор, 30 за трет, 27 за четврто место, 21 за петто… па се до 15-то место кое добива само 1 бод.

PSS Racing Team


Македонскиот тим PSS Racing team сезонава ќе има двајца регуларни возачи. Едниот е Виктор Давидовски, а другиот Франко Џиролами од Аргентина. Двајцата ќе возат Honda Civic Type R.

Давидовски е шесткратен македонски првак во периодот од 1998 до 2010 година, зад себе има титула и во првенството на Србија на кружни патеки во периодот од 2011 до 2017 година.
Во 2013 година оствари и победа на ФИА ЦЕЗ на ридски патеки во класата Н2000.
Во 2017 година вози на 24H Touring Car Endurance Series (SEAT León), а следната 2018 првпат се натпреварува во европската серија на TCR. И vo 2019 настапуваше во истата TCR Europe серија со Honda Civic FK7.

Виктор Давидовски PSS Racing Team

Лани му требаше малку за да биде уште подобар. Ја нема улогата на „професионален возач“ кој е целосно под закрилата на некоја фабрика, туку делумно добива помош. Лани освои 26 бода, но настапи само на две трки (два викенда по 2 трки). Двапати се искачуваше на пиедесталот како победник на Yokohama Cup (За возачи аматери)
Поради дефект на пумпата за гориво на неколку свиоци пред целта мораше да се откаже на Монца. Одолеа и на дополнителните килограми што беа ставени возилото како казна бидејќи поради пандемијата не успеа да вози на претходните трки.

Покрај Виктор Давидовски, во Шпанија во вториот автомобил на PSS ќе седне Франко Гиролами. Тој е помладиот брат на Нестор, кој вози во WTCR и на првата трка во Франција се искачи на второто место, што беше прв подиум за тимот на PSS Racing.
Гиролами беше првак во Аргентина во 2012 во класата TC2000 возејќи Fiat Linea, а потоа се префрли во Top Race серијата каде беше крунисан како шампион во 2018 година.

Франко Џиролами PSS Racing Team

Гиролами за првпат возеше ТЦР автомобил (Honda Civic Type-R) во Италијанскиот ТЦР шампионат на Муџело и Мизано каде најдобар пласман му беше втора позиција. Со 30 години Франко зад себе веќе има преку 200 трки, 32 победи, 62 подиуми, 30 пол позиции што несомнено го рангира меѓу најуспешните на тркачката сцена.

Календарот на TCR Europe за 2021 година предвидува седум трки. Се почнува овој викенд во Словачка, а треба да заврши на 10 октомври во Шпанија. Патеките Харама и Золдер испаднаа од календарот, а нови трки се Нирбургринг и Словачка.
* 8-9 мај Словачка
* 28-30 мај Пол Рикар, Франција
* 18-20 јуни Зандворт, Холандија
* 29-31 јули Спа, Белгија
* 3-5 септември Нирбургринг, Германија
* 24-26 септември Монца, Италија
8-10 октомври Барселона, Шпанија

* Возачи и тимови

 

ИНТЕРВЈУ Виктор Давидовски: ТЦР Европа е како Лига на шампиони а пандемијата не онезвоможи да бидеме уште подобри

Следете не и на:

24AUTO NETWORK