Twingo Cup викендов на Серес – 10 Македонци на стартот

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од 18 месеци трките од Twingo Cup се враќаат на патеката Серес во Грција. Местото каде во ноември 2019 година беше крунисан првиот победник. Сега на патеката ќе го нема шампионот Мартин Делев, но затоа ќе возат двајцата победници од Серес – Слободан Трајковски и Давид Малинковски. Организатор на трката е АКК Renault Sport кои втора сезона по ред го организираат овој Twingo Cup.

Сезонава Twingo Cup има интернационален карактер и ова ќе биде третата патека што е надвор од Македонија, а на која ќе се вози овој Куп и каде ќе бидат и македонски возачи кои се натпреваруваат за титулата во домашното првенство. За оваа трка на Серес пријавени се 23 возачи од четири земји, а најмногу од Словенија, Македонија и Србија. Пријавен е и Унгарецот Лантос Саболш.

На четирите трки имаше тројца различни победници, но сите од Словенија (двапати Ник Стефанчич и по еднаш Матеј Ивануша и Лука Глазер). Досега се возеа трките на патеките Хунгароринг (Унгарија) и Словакија Ринг (Словачка).

Во генералниот пласман во првенството на Македонија по четири извозени трки на делба на првото место се Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода.
Малинковски победи по еднаш во Унгарија Словачка, а Стојковски иако нема победа на три од четири трки беше на пиедесталот. Мартин Костовски е трет со 42 бода.

Само четири возачи досега освојувале бодови на сите четири трки сезонава, Малинковски, Стојковски, Мираковски и Костовски. На претходната трка го немаше Слободан Трајковски но сега стартниот ред ќе биде целосно пополнет и максимално конкурентен.

Програма за Twingo Cup на патеката Серес
26 мај – сабота
10 ч. – слободен тренинг
12 ч. – квалификации
15 ч. – ТРКА 1

27 мај – недела
10 ч. – слободен тренинг
13 ч. – ТРКА 1

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK