Тркај се во Renault Twingo Cup и добиј електрично Twizy

ОБЈАВЕНО НА:

По подолго време авто трките во Македонија се вратија со регуларни и редовни настани, а од годинава календарот ќе биде збогатен со специјален Renault Twingo Cup. Kако што и пред некоја недела објавивме Македонија се приклучува на земјите каде се одржува вакво натпреварување. Ова е петта сезона како се одржува Twingo Cup.

Сопствениците на овие специјално подготвени возила имаа можност првиот контакт со нив да го направат на кружната патека на Серез во Грција. Таму се запознаа со нивните можности и се израдуваа на своите пријатели со кои треба да се дружат во следните три години. Таков е договорот, во следните три години да се одржуваат трките од овој Twingo Cup.

На крајот од секоја сезона победниците односно за првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Спецификација на возилото:
• Основно возило за преработка на купот е типот: Renault Twingo 3 AHB 005;
• Моторот поради преправките на издувната грана добива излезни 78hp;
• Моделот Twingo амортизацијата ја добива од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата;
• За безбедноста е избран реномираниот бренд Sparco roll cage, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;
• Пневматиците се во полуслик изведба од производителот Nankang со Sparco алуминиумски фелни;
• Инструмент таблата е од производителот AIM на која е поставен GPS систем,бележи времиња, моментална брзина и вртежи;
• Возилото изобилува со останати аеродинамични посебни делови од LEMA.

Сезоната во Twingo Cup почнува на 18-19 мај со крижна трка во Кичево. Планирани се пет кружни трки, од што една ќе се вози на Ушќе во Белград. Ќе има и четири ридски трки, почнувајќи од 21 јули во Скопје, и тука исто така ќе се вози трка на Авала кај Белград.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK