Тимот на PSS Racing заврши на подиумот на трката во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку месечно одложување почнаа и трките во првенството на TCR Europe што е едно од најпрестижните трки со автомобили. Македонскиот тим на PSS Racing успеа да се искачи на подиумот викендов на трките на Пол Рикар во Франција, што е најдоброт клупски успех и најава за уште подобри резултати.

TCR Europe е најсилното натпреварување во моментов во Европа, а учеството на македонски тим само го потврдува квалитетот што го поседуваме и големата желба, мотивираност и пред се посветеност да се биде дел од едно вакво натпреварување.

Резервниот возач Нестор Џиролами беше возачот што во последен момент седна во автомобилот на PSS Racing И имаше одличен викенд. Прво беше петтопласиран во саботата, а во неделата се искачи на второто место за 1-2 триумф на Honda.

Виктор Давидовски кој требаше за вози за PSS Racing не успеа да добие дозвола од француските власти за патување на трката, па тимот во последен момент мораше да ги менува плановите.

Нестор Џиролами го донесе првиот подиум за PSS Racing Team!!! 🥈🎉……PSS Racing Team's best-ever result, courtesy of…

Публикувахте от PSS Racing Team в Понеделник, 24 август 2020 г.

Следната трка на која се надеваме дека ќе имаме и македонски возач во возилото е онаа во периодот од 11 до 13 септември на патеката Золдер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK