TCR Europе: Џиролами и PSS Racing во Топ-5 на Спа

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот на PSS Racing освои 24 бода, освојувајќи го петтото место на трката од TCR Europe возена на Спа, со што се задржа меѓу двајцата најдобри возачи во тркачката серија. Победник на трката беше Микел Аскона. Утре се вози втората трка, а Џиролами ќе стартува од 3 позиција.

Иако имаше проблеми во последниот круг и излегуваше чад од неговото предно лево тркало, Франко Џиролами успеа да го зачува петото место на трката на Спа и да освои нови бодови во првенството на TCR Europe. Со освоените бодови Џиролами сега е на второто место во генерален пласман, веднаш зад Шпанецот Микел Аскона кој триумфираше и го презеде лидерското место.

Уште по првиот круг Џиролами освои две места и како петто пласиран ја продолжи трката, останувајќи на тоа место. Успеа да го одбие сериозниот напад на Теди Кларе во 5. круг кога овој се обиде да го престигне. Откако успеа да се одбрани потоа Џиролами одлично ја чуваше позицијата. Имаше време со кое можеше д абиде сигурен.

Во последниот круг се појави силен џад од возилото на Џиролами, но и покрај тоа успеа да го исконтролира автомобилот и иако зад себе имаше тројца возачи кои ја чекаа шансата, возачот на PSS Racing влезе како петти во целта.
Покрај Аскона кој беше победник, на пиедесталот се искачија и Меди Бенани, актуелниот шампион и Феличе Јелмини.

 

Пред Џиролами се пласираа три возила на Hyundai, a автомобилот на Џиролами беше најдобрата Honda на трката. На трката не учествуваше и другиот возач на PSS Racing, Виктор Давидовски поради технички причини.

Сега лидер е Аскона со 190 бода, пред Џиролами кој има 182, Беннаи со 170 и Јелмини со 150 бода.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK