TCR Europe: Давидовски и Џиролами освоија бодови во Холандија

ОБЈАВЕНО НА:

Давидовски повторно се искачи н аподиумот во Dimond Cup, а Џиролами сега е трет во генерален пласман на TCr Europe.

Двајцата возачи на PSS Racing, Виктор Давидовски и Франко Џиролами на Honda освоија бодови на TCR Europe трката возена во Холандија. И двајцата возачи заврши на подобри позиции во однос на она што го постигнаа во квалификациите и како ја почнаа трката. Џиролами трката ја завршпи на 5. место, а Давидовски беше на 11 место.

Со ова продолжува континуитетот на возачите на PSS Racing на освојување на бодови на трките од TCR Europe. По оваа трка Џиролами се искачи на третото место во генерален пласман со 114 бода, а Давидовски е на 12 место со 57 бода.

Во класификацијата по класи, Давидовски во Dimond Cup во генерален пласман е на третото место со 62 бода, зад Џек Јанг кој има 77 и Николас Баер кој води со 80 бодови.

Победник на првата трка на Зандворт е Том Коронел, пред Џек Јанг и Душан Борковиќ.

Втората трка од TCr Europe на Зандворт се вози утре.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK