Стефановски освои 10 бода на италијанскиот ТЦР

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамките од Шампионатот на Италија во ТЦР македонскиот возач Игор Стефановски го освои 6. место и во првата од двете трки на Имола освои 10 бода. Со новите бодови Стефановски падна на 12 место на табелата во првенството на Италија.

Сега пред него изби Јакопо Џудети кој на трката на Имола го освои четвртото место и 15 бодови. Утре ќе се вози втората трка на Имола со што ќе заврши првенството на Италија во ТЦР.

Нашиот Иџе до крајот на трката водеше голема битка да дојде и до петтата позиција против Ахмадов, но на крајот Ахмадов не му дозволи на Стефановски да го престигне.

Првата позиција ја освои Микел Азкона од Шпанија, пред Италијанците Џакон и Јелмини, на четвртото место се најде Гвидети.

Втората трка е закажана в недела со почеток од 12.40 часот на патеката „Енцо и Дино Ферари“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK