Македонија е на „црвена листа“: Поради Ковид-19 тимот на PSS Racing не доби дозвола за влез во Белгија

ОБЈАВЕНО НА:

Викендов ќе се вози втората трка од TCR првенството на Европа каде свој тим има и Македонија – PSS Racing. Но, и оваа трка ќе мине без нашиот возач Виктор Давидовски. Македонските членови на тимот на добија дозвола за влез во Белгија. Причината е што Македонија се уште се наоѓа во групата на ризички земји. PSS Racing е единствен македонски тим што се натпреварува во TCR Европа.

Доколку некој од Македонија замине за Белгија ќе треба да оди во десет дневна изолација. Тоа ги менува многу плановите и затоа тимот нема да учествува. Поради тоа македонските членови на тимот оваа трка ќе ја прескокнат. Затоа пак се очекува да бидат дел од трката во Италија на 28 септември, на третата трка од првенството.

Таму условите за влез полесни и тимот се подготува конечно да може да вози на трките од TCR Европа. ТCR Europe е најсилното натпреварување со автомобили во моментов во Европа, а учеството на македонски тим само го потврдува квалитетот што го поседуваме и големата желба, мотивираност и пред се посветеност да се биде дел од едно вакво натпреварување

Трета сезона по ред PSS Racing има свој тим во TCR Eвропа, a оваа сезона се очекуваше тимот да биде и конкурентен за освојување на повеќе бодови и искачување на подиум. Тоа го поваќа на трката на Пол Рикард.

На првата трка во Франција на крајот на август исто така поради административни проблеми со обезбедување на виза за патување во услови на Ковид-10, тимот мораше да ги менува плановите. Резервниот возач Нестор Џиролами беше возачот што во последен момент седна во автомобилот на PSS Racing И имаше одличен викенд. Прво беше петтопласиран во саботата, а во неделата се искачи на второто место за 1-2 триумф на Honda.

Тимот на PSS Racing заврши на подиумот на трката во Франција

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK