Погледнете со каков автомобил Аudi ќе учествува на Дакар во 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Аudi ќе земе учество и на следното издание на релито „Дакар“ кое ќе се одржи на почетокот на 2022 година. За оваа цел брендот од Германија веќе го покажа тркачкиот автомобил, кој ќе ги одмери силите со другите учесници на натпреварот. Воедно беа објавени и неговите карактеристики.

RS Q Е-trоn како што е целото име на моделот, располага со по еден електромотор на предниот и задниот дел и се движи целосно на струја. И покрај тоа машината е опремена и со 2.0-литарски бензинов мотор, кој е позајмен од DTM сериите, кој има за цел да ги полни батериите.

Тој работи меѓу 4.500 и 6.000 вртежи и одделува помалку од 200 грама јаглерод диоксид на секој наполнет кВч. Во задниот дел е поставен и резервоар за бензин од 295 литри.

Oд Аudi велат дека максималната моќност на машината е 670 коњски сили, а 50кВч батерија тежи точно 370 килограми.

Едно од барањата за релито „Дакар“ е превозното средство да тежи најмалку 2.000 килограми така што oд Audi едвај ли ќе имаат таков проблем. До крајот на годината возилото ќе биде подложено на различни тестови, вклучувајќи и учество на релито.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

На која бензинска пумпа најчесто ги користите услугите за гориво?

МАКПЕТРОЛ
44.28% | 1,282 од 2895 ГЛАСА
ЛУКОИЛ
22.18% | 642 од 2895 ГЛАСА
Други
17.65% | 511 од 2895 ГЛАСА
ОКТА
15.89% | 460 од 2895 ГЛАСА
Следете не и на:

24AUTO NETWORK