Победа за Бузалковски на ЕШ во Бугарија

ОБЈАВЕНО НА:

Христијан Бузалковски на трката од БМУ Европскиот шампионат која се одржа во Плевен Бугарија викендов успеа да дојде до максималниот број на бодови и да се искачи на највисокото скалило на пиедесталот.

Во конкуренција од 12 натпреварувачи он беше убедливо побрз од конкуренцијата почнувајќи од првиот тренинг во саботата па се до трката беше најбрз. На квалификациите имаше најбрзо време 1.53.700 со кој го подобри својот личен рекорд и стартуваше од пол позицијата за во трката да го собори својот рекорд со време од 1.52.600 и да го остави второ пласираниот на 11 секунди позади него на крајот од трката.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK