Одложени и Гудвуд и Инди 500!

ОБЈАВЕНО НА:

Два значајни настани кои секоја година се одржуваат на американско тло и официјално се одложени. Станува збор за Гудвуд фестивалот на брзина и популарната трка Инди 500.

Фестивалот на брзината кој секоја година привлекува голем интерес требаше да се одржи од 9 до 12 јули годинава. Сепак оргнизаторите поради пандемијата на коронавирусот се одлучија истиот да го одложат, а новиот датум ќе биде познат во наредните неколку недели.

Поради истата причина одложена е и легендарната трка Индијанаполис 500 која првично беше закажана за 24 мај. Новиот термин на оваа трка е 23 август.

Претходно, одложени беа и саемите за автомобили во Детроит и Њујорк.