Одлична трка за Давидовски – заврши во Топ-10 на Монца

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот возач во TCR Europe, Виктор Давидовски имаше одличен резултат на првиот настап сезонава на легендарната патека на Монца. Тој како единствен македонски натпреварувач во TCR Europe го освои 10 место во конкуренција на 25 возачи.

Давидовски возеше сигурно и знаеше да се чува од инциденти, а токму тие му овозможија да 15 место на стартот после 10 кругови колку што се вози во TCR Europe на крајот на стигне до 10 место. Нашиот возач не настапи на првите две трки сезонава бидејќи не успеа да добие дозвола за влез поради коронавирусот и тоа што Македонија се наоѓа на црвена листа.

Жулијан Брише ја оствари првата победа сезонава. Утре се вози втората трка, а Давидовски ќе стартува од петтиот ред како 10.

Давидовски трката ја почна од 15 место, но уште во првиот круг падна едно место подолу. Во следните два круга тој беше на 17 место, а потоа почна полека од круг во круг да се искачува погоре. Дел од тоа искачување беше како резултат на престигнување на оние пред него, а дел и поради инцидентите во лидерскиот дел од трката кога некои од возилата завршија надвор од патеката. Во последните два круга Давидовски возеше како 10 и тоа му е најдобар резултат.

Победнички пиедестал
🥇
 –Julien Briché – (JSB Compétition, Peugeot 308 TCR)
🥈 –Daniel Lloyd (Brutal Fish Racing, Honda Civic Type R)
🥉 –Nicolas Baert – (Comtoyou Racing ,Audi RS 3 LMS)

Ова се првите 13 бодови што ги освои Давидовски сезонава, за освоеното 10 место.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

бензински мотор
35.21% | 425 од 1207 ГЛАСА
дизелски мотор
32.56% | 393 од 1207 ГЛАСА
хибрид
17.90% | 216 од 1207 ГЛАСА
електричен
11.02% | 133 од 1207 ГЛАСА
плаг-ин
3.31% | 40 од 1207 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK