На Водно ќе возат Срби – на Авала ќе се тркаат Македонци!

ОБЈАВЕНО НА:

Според календарот на Автомобилистичката федерација на Македонија во 2019 година две трки што ќе се одржат во Македонија ќе се бодуваат и за првенството на Србија. Исто така две трки што ќе се организираат во Србија ќе се бодуваат за првенството на Македонија. На тој начин ќе има повеќе трки, но и нови патеки на кои вообичаено не возат нашите возачи.

Планирани е сезоната да почне на 14 април со кружн атрка во Кичево, а да заврши на 27 октомври со ридска трка на Водно. Ќе има и натпревари во слалом, картинг и една трка во рели.

Брдската трка на Водно закажана за 21 јули и кружната во Скопје на 6 октомвери покрај тоа што ќе се бодуваат за првенството на Македонија ќе бидат важни и за возачите од Србија. На тој начин ќе има и поголема конкуренција на патеката.

Од друга страна ридската трка на Авала крај Белград што треба да се вози на 13 октомври и кружната трка на Ушче, Белград на 1 септември ќе се бодуваат за првенството на Македонија.

Првенството на Македонија на ридски патеки е планирано да има пет трки, и двапати ќе се вози на Водно, а по еднаш во Кочани, крушево и Авала. Пет трки се предвидени и на кружни трки, со тоа што ќе има три трки во Кичево, и по една во Скопје ина Ушче.

Ридската трка на Водно и на Авала, и кружната во Скопје и на Ушче ќе се бодуваат и за ЦЕЗ што ќе донесат и возачи од други земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK