Михаел Шумахер примен во болница во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е примен во болница во Париз заради тајно лечење, објави францускиот весник „Лепаризиен“

Шумахер не се појавил во јавноста откако доживеа скијачка несреќа во француските Алпи пред пет години.

Тој се здобил со сериозни повреди на главата во несреќата и оттогаш е во вештачки индуцирана кома.

Оттогаш има постојано само шпекулации околу неговото здравје.

Шумахер наполни 50 години на 3 јануари.