Малинковски после Гробник: Не верував дека ќе бидам високо пласиран, а двапати ми избега подиумот

ОБЈАВЕНО НА:

Гените се наследни, а ако Давид го наследил талентот од неговиот татко Илија тогаш веројатно на повидок е нова автомобилистичка ѕвезда. Презимето Малинковски е добро познато во Македонија, а после години пауза по пензионирањето на повеќекратниот шампион на Македонија, Илија Малинковски сега на сцената стапува Давид. Тој веќе по чувствува бензинот, адреналинот е на високо, а успесите што ги постигнува докажуваат дека пред него е светла иднина. На последниот викенд на Гробник, Хрватска како дел од Twingo Cup Давид двапати за малку не успеа да биде на пиедесталот во конкуренција на 32 возачи од неколку земји.

На втората трка веќе беше третопласиран кога трката беше прекината, но во предвид беа змени резултатите од последниот целосно комплетиран круга. На втората до последните метри беше во игра, на последниот свиок излезе како прв, но потоа беше престигнат од тројца возачи.

Трките од Twingo Cup се бодуваат и за првенството на Македонија, а на досегашните 6 трки, Давид победи четирипати. Има 92 бода, и 22 повеќе од Владимир Тренески. До крајот на сезоната остануваат уште два тркачки викенди, односно четири трки. Но, титулата веќе му се насмевнува на Давид. А и тој и се насмевнува нејзе, низ смеење коментира Давид.

Колку Twingo Cup му помогна да „порасне“ да доживее вистинска трка, каде се гледа за неколку години и може ли да ги надмине резултатите на неговиот татко.
На неколку прашања ни одговори Давид, онака релаксирано по трката додека му легнуваа спомените од двете трки и пропуштените шанси да биде на подиумот во генерален пласман.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK