Македонец ќе се трка во Ford Focus Cup во Англија со цел да вози во BTCC

ОБЈАВЕНО НА:

Никогаш не е доцна да се исполни сонот, а на Бранко Кипровски веројатно годинава ќе му се отвори можноста да го потврди сопственикот квалитет и да ја комплетира мисијата што му беше понудена уште во 2017 година. Македонецот кој од 2017 година со семејството живее во Лондон беше активен тркач на ридски и кружни трки во Македонија. За оние што ги следеле трките во Македонија во последниве 10-15 години сигурно го познаваат Кипровски.

Тој зад себе има шампионски титули во 2011 и 2013 година на ридски патеки, и неколкупати беше втор и трет во генерален пласман на ридски и кружни патеки во првенството на Македонија. Во 2008 година со добро подготвен автомобил го има едно од најдобрите времиња на патеката Водно во класата Yugo каде многу познати возачи што победуваат на европски трки се зад него. Во првенството на Македонија настапува од 2001 година.

Ford Focus Cup се вози 14 трки (7 викенди со по две трки). Три викенди се веќе извозени (вкупно 6 трки). Остануваат уште 8 трки што се поделени во 4 викенди. На 17 август е трката на Крофт, потоа следуваат два викенди на Брендсхеч (познатите патеки каде се возеше и Ф1) на 7 и 8 септември, и на крајот на 28 септември се вози на Донингтон Парк.

„Официјално на 12 август преку Автомобилистичаката Федерација на Македонија и АКК Проспорт ќе се пријавиме за настап во овој Kуп. Би требало да има 19-20 возачи вкупно. Ford Focus Cup се вози со исти возила, без дополнителни подобрувања на нив. Тука се покажува колку и како возиш, колку знаеш, колку си подготвен. Победникот на шампионатот добива шанса да тестиrа за некој тим во BTCC што е врвно натпреварување во светски рамки, вели Кипровски.

Фото: Приватна архива од Фејсбук

Но, не било така едноставно да се стигне макар и во ова првенство. Треба и трпение и пари…

„Во македонското првенство настапував од 2001 година. По наговор на Ненад Николовски Коне (Нено) кој не е веќе меѓу нас. Веруваше во мене и беше еден од најпозитивните луѓе во автоспортот во Македонија. Секој успех досега и во иднина му го должам нему, вели Кипровски.
„Во 2017 година се решив да дојдам во Лондон со семејството, сопругата Маја и двете ќеркички Матеа и Леона. Изморен од потрагата по можност (сопствен бизнис и спонзори) да возам професионално трки или барем со добро подготвено возило во Македонија“, вели Кипровски.

Пред две сезони стигнува и првата шанса.

„Во 2017 година бев поканет во В.Британија од страна на тим што се натпреварува во BTCC I vo VW Racing Cup да тестирам за настап во VW Cup, со можност да добијам место со целосно покриени трошоци и поддршка. По тестирањето ми соопштија дека се задоволни, но дека треба да покријам 40 отсто од трошоците, од вкупно 100.000 фунти колку чини цела сезона. Тоа не беше опција за мене во тоа време без некоја поддршка. продолжив да барам влез во BMW Compact Cup, Honda Civic Cup, но и таму цената беше висока. Но, не се откажав. Овојпат во Ford Focus Cup можеме да стартуваме и ќе се сретнеме со Џош Кук кој е BTCC возач и кој се натпреварува во овие два шампионати паралелно, вели Кипровски.

На Водно имаше и одлични резултати – Фото: приватна архива Фејсбурк

„Реално во овој Куп ќе има шанса да се опуштам, да надополнам за перидот во кој пропуштив да возам трки и да се надградувам контактирајќи и со работувајќи со врвни возачи и тимови. Погледот е кон BTCC, иако знам дека на многумина тоа им изгледа неостварливо. Но, затоа сме различни , јас верувам во себе и моите способности, и верувам дека ќе допрам до вистинските спонзори кои го сакаат овој спорт. Имам контакти со професионалци со кои ќе успеам да го надоградам знаењето и ќе успееме да направиме Македонија да биде горда. Очекувам поддршка од Македонија, релано од компании што извезуваат производи во В.Британија и се надевам дека ќе реагираат навреме зашто настапувам со македонска лиценца и гордо ќе го вееме знамето на подиум, вели Кипровски.

Тој смета дека има шанса да биде и првак. Треба само да добие поддршка.

„Верувам ќе успееме да најдеме средства да ја извозиме целата сезона. Заедно со АКК проспорт и АКК Скопје кои многу ми помогнаа сметаме дека математички има шанси се атакува и на титулата. А штом има шанса не треба да се исклучува таа опција, вели Кипровски.

Ние му посакуваме среќа и успех на патеката, со апел до компаниите кои го сакаат овој спорт да го препознаат квалитеот и шансата и да му помогнат на Кипровски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK