Квалификации на Харама: Давидовски трнува од 10 ред на трка каде се решава за TCR Europe шампионот

ОБЈАВЕНО НА:

Давидовски на трката ќе стартува од 19. место од вкупно 24 возачи. Извозе вкупно 7 круга, а 6. му беше најбрз. Има заостанување од 1,273 секудни во однос на Асцона кој беше најбрз во првите квалификации.

За три години колку што постои TCR Europe оваа сезона ќе биде запаметена како најинтересна и најнеизвесна, а на последните две трки на патеката Харама во Шпанија, дури пет возачи влегуваат со шанса да бидат шампионите.

Македонскиот возач Виктор Давидовски по вторпат сезонава ќе вози трка во TCR Europe, иако беше планирано да биде дел од сите. Но, поради рестрикциите за движење во Европа и коронавирусот, тој доби шанса да патува и да се натпреварува само во Италија и сега во Шпанија. Првпат македонскиот тим на PSS Racing ќе има и две возила, покрај Давидовски во другото возило ќе седне Аргентинецот Франко Гиролами.

Давидовски на трката ќе стартува од 19. место од вкупно 24 возачи. Извозе вкупно 7 круга, а 6. круг му беше најбрз. Има заостанување од 1,273 секудни во однос на Асцона кој беше најбрз во првите квалификации. Вториот возач на PSS Racing, Гиролами го освои 13. место со заостанување од 0,848 секунди. За малку не влезе во вторите квалификации каде ќе имаше панса за уште една трка и борба за повисока стартна позиција.

Мајк Халдер на Honda е лидер со предност од 26 бода во однос на Меди Бенани на Audi. Во игра се вкупно 90 бода од двете трки кои можат да донесат и целосен пресврт на трката и првенството. Уште три други возачи се со шанси да станат шампиони, ако „им се наместат коцките“: Џон Филипи (Hyundai), Николас Баер (Audi) и Даниел Лојд (Honda). Тие заостануваат 35, 41 и 48 бода.

Виктор Давидовски- квалификации TCR Europe

Давидовски на трката ќе стартува од 19. место од вкупно 24 возачи. Извозе вкупно 7 круга, а 6. му беше најбрз. Има заостанување од 1,273 секудни во однос на Асцона кој беше најбрз во првите квалификации. Вториот возач на PSS Racing, Гиролами го освои 13. место со заостанување од 0,848 секунди. За малку не влезе во вторите квалификации кад еќе имаше панса за уште една трка и борба за повоска стартна позиција.  

Шансите за Лојд се сведени на минимум бидејќи во квалификациите го освои 23. место со големо заостанување за лидерот во првите квалификации. Проблеми имаше и Мајк Халдер кој исто така беше во долниот дел, на 20. место веднаш зад Давидовски. Меди Бенани ќе стартува од 5. место на трката.

Нашиот Виктор Давидовски има освоено 13 бодови во генерален пласман, на првата трка во Италија. Само поради технички проблем на неколку свиоци пред крајот на втората трка не се израдува на уште еден голем успех. Тимот на PSS Racing има досега освоено 79 бода, и се наоѓа на делба на 10. место во генрален пласман.

Двете трки се утре, сабота во 11,20 часот (првата трка) и во 12,15 часот (втората трка).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK