Иџе ја пееше македонската химна во Италија – триумф на Валелунга (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Игор Стефановски имаше одличен викенд во Италија во првенството на TCR Italy каде во второто возење триумфираше и се искачи на пиедесталот на патеката Валелунга крај Рим. Иако стартуваше од седмата позиција нашиот тркач стигна до триумф за голема радоста на целиот тим.

Супериорноста на трката Иџе ја покажа со предноста од девет секунди во однос на второпласираниот Алесандро Џардели. Третопласираниот Џакопо Гвидети заостануваше дури 15 секунди зад лидерот. За Стефановски ова е прва победа во новата сезона во ТЦР-шампионатот на Италија, или втор подиум по оној на омиелната патека „Имола“.

Стефановски во генералниот пласман има вкупно 51 бод и се наоѓа на десеттата позиција од вкупно 27 возачи на листата. Лидер е Ерик Бриљиадори со 115 бода, зад него е Салваторе Тавано со 110 бода, па следи Марко Пелегрини со 108 бода.

Во саботата на првата трка Стефановски беше седмопласиран. Иџе трката ја започна од десеттата стартна позиција, а инцидентот кој го предизвика Скалвини го оневозможи да забележи и подобар пласман.
Поради излетувањето на Скалвини, трката се возеше со црвено знаме до самиот крај, што значеше дека нема да има промена на дотогашниот пласман на трката. Победата му припадна на Бриљадори, а веднаш зад него се најдоа Жардели и Тавано.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK