Ferrari привремено ги затвора музеите

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ferrari соопшти дека привремено ги затвора своите музеи во Италија.

Причината за ова е епидемијата на коронавирусот која е присутна во северните делови на земјата каде и се лоцирани музеите на овој производител.

Во соопштението се наведува дека Ferrari внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата и доколку бидат потребни додатни превентивни мерки истите ќе бидат веднаш преземени.

Со оваа мерка опфатение се музеите во Модена и Маранело.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK