Дополнителни бодови за PSS Racing – Џиролами и Давидовски „скокаа“ едно место повисоко

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо вкупно 8 бода, двајцата возачи на PSS Racing, Франко Џиролами и Виктор Давидовски освоија дополнително бодови, и заедно имаат 12 од првата трка во Словачка ја завршуваат со освеонео едно место повисоко во конечниот пласман. Џиролами во конечниот пласман сега е 12. место, а Давидовски е 13. Одлуката за дополнителни бодови доаѓа по казната од 20 секунди за Сами Туфик од тимот на Sebastian Loeb Racing.

Туфик трката ја заврши на 8. место со заостанување од 19,998 секунди, но откако заработи казна од 20 секунди, падна на 17. место, овозможувајќи им на оние зад него да профитираат со искачување на место повисоко во генералниот пласман.

Во генерален пласман сега Џиролами има 12 бода, а Давидовски пет. Џиролами освои пет во квалификациите и седум на трката, а Давидовски сите на трката.

Следната трка се вози утре (недела) во 13,55 часот.

Џиролами и Давидовски ги освоија првите бодови сезонава во ТЦР Европа

Следете не и на:

24AUTO NETWORK