Џиролами е нов лидер во TCR Europe – тимот на PSS Racing е трет во генерален пласман

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами викендов во Холандија освои вкупно 68 бода (4 во квалификациите, 24 на првата трка и 40 на втората) и скокна три места во генерален пласман. Сега возачот на PSS Racing тим има 154 бода, еден повеќе од Микел Аскона кој не се појави во Холандија и 22 бод аповеќе од Том Коронел кој триумфираше на првата трка во Холандија, но не освои ниту еден бод на втората трка.

Виктор Давидовски „врза“ четири трки на кои освојува бодови, а викендов стави вкупно 20 бода на неговото конто (9 на првата трка и 11 на втората трка). Сезонава на вкупно шест трки на колку што се појави Давидовски на пет беше меѓу првите 15 и освојуваше бодови.
Нашиот возач е лидер во Dimond Cup пред Мартин Риба, Силвиан Пусиер и Жил Коломбани.

 

TCR Europe – Zandvoort 2021

Франко Џиролами викендов во Холандија освои вкупно 68 бода (4 во квалификациите, 24 на првата трка и 40 на втората) и скокна три места во генерален пласман. Виктор Давидовски „врза“ четири трки на кои освојува бодови, а викендов стави вкупно 20 бода на неговото конто (9 на првата трка и 11 на втората трка).

Во конкуренција на тимови, PSS Racing се искачи на третото место во генерален пласман со вкупно освоени 240 бодови, зад лидерот Sebastian Loeb Racing кој има 336 бода и Comtoyou Racing кој е втор со 290 бода.

PSS Racing слави во Холандија: Џиролами победи – Давидовски во Топ-10 (Видео)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK