Делев „растура“ во Twingo Cup – победи и на Водно!

ОБЈАВЕНО НА:

Мартин Делев триумфираше и на третата сезонска трка на TWINGO CUP, што се одржа денеска на Водно во Скопје.

Откако два пати беше најбрз на кружните  трки на патеката во Кичево, Делев денеска се докажа и на ридската патека. Тој го освои првото место со вкупно време на двете трки од 5:36,64 минути, додека зад него финишираше Емил Нацка (5:38,11 минути), а на подиумот како третопласиран се искачи и Слободан Трајковски (5:39,20 минути).

Од четвртото до осмо место се пласираа Давид Малинковски, Владимир Тренески, Сашо Кочовски, Никола Тоневски и Ненад Костовски, додека пак Ангелче Стојковски не ја заврши трката.

Следната трка на TWINGO CUP е закажана на 1 – ви Септември во Белград (Ушче).