Делев ја освои титулата и 1.500 евра во Renault Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Мартин Делев е шампион на првото издание на TWINGO CUP 2019, откако денеска сезоната заврши со двете трки во Серес, Грција. Покрај пехарите за титулата Делев доби и парична награда од 1.500 евра. Награди имаше за првите тројца во генерален пласман.

На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот. Во втората трка на втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.

Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седумте. Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.

Според пропозициите победниците во генерален пласман добија парични награди, а по третата сезона победникот ќе добие награда и автомобил Renault.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС 2019
1. Слободан Трајковски     29:24,297 минути
2. Мартин Делев     29:26,248
3. Давид Малинковски 29:27,248
4. Иван Стефановски 29:31,792
5. Емил Нацка 29:32,174
6. Владимир Тренески 29:33,864
7. Ангелче Стојковски 31:00,153
8. Ненад Костовски 31:01,689

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС
1. Давид Малинковски 28:40,138 минути
2. Слободан Трајковски 28:45,495
3. Иван Стефановски 28:47,096
4. Мартин Делев 28:50,992
5. Владимир Тренески 28:54,347
6. Емил Нацка 29:25,222
7. Ненад Костовски 30:26, 741
*Ангелче Стојковски не стартуваше

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (КОНЕЧЕН) – 2019
1. Мартин Делев – 58 бодови
2. Давид Малинковски – 50
3. Слободан Трајковски – 47
4. Емил Нацка – 38
5. Иван Стефановски – 20
6. Ангелче Стојковски – 15
7. Владимир Тренески – 11
8. Ненад Костовски – 10
9. Томислав Трајковски – 8
10. Сашо Кочевски – 5
11. Никола Тоневски – 2

Следете не и на:

24AUTO NETWORK