Давидовски и PSS Racing почна со тестирање за новата сезона во TCR Europe (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот возач во TCR Europe, Виктор Давидовски и неговиот тим PSS Racing почнаа со тренинзи за новата сезона. Првата станица е патеката Спа во Белгија каде ги имаа првите километри со возилата.

Сезонава во тимот на PSS Racing заедно со Давидовски ќе вози и Франко Џиролами, а на денешните тестирања заедно со нив беше и многу поискусниот Нестор Бебу Џиролами кој лани возеше на една трка за нашиот тим.

PSS Racing повторно ќе вози автомобил на Honda со која и досега се тркаше. Лани тимот имаше свој претставник на подиумот во Џиролами и Давидовски. Од ланските два трофеи на Yokohama кои завршија во рацете на Давидовски сега тимот очекува продолжување на добрите резултати.

Лани Виктор Давидовски возеше само на две од TCR Europe првенството бидјеќи поради пандемијата не доби дозвола на локалните власти за влез во Франција, Белгија и на една трка во Шпанија. Од двете трки освои вкупно 26 бода, а поради проблеми со моторот на една трка во Италија остана без бодови во последните свиоци пред целта.

Тимот има нешто повеќе од еден месец пред да тргне „циркусот“ и седумте трки кои ги има во календарот.

Премиерно првиот ТЦР настан е закажан на 7 мај во Словачка, подготовките се веќе во тек.
Планирани се се вкупно седум трки, покрај во Словачка ќе има ТЦР натпревари и во Франција (Пол Рикар), Холандија (Зандворт), Белгија (Спа), Германија (Нирбургринг), Италија (Монца) и Шпанија (Барселона).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK