Alfa Romeo 4C на Dakar Rally, но како…

ОБЈАВЕНО НА:

До почетокот на новото издание од Dakar Rally останува нешто повеќе од една недела, а тоа е знак дека натпреварувачите полека може да се загреваат за настап на првото и најголемото рели во годината.

Тимовите веќе се во завршните подготовки, а како и минатата година така и оваа тимот на Peugeot е главниот кандидат за победа со својот 3008 DKR Maxi.

Сепак, погледот го сврте едно друго возило, а се работи за Alfa Romeo 4C и тоа во екстремно 0ф-роуд издание. На прв поглед делува импресивно, но во прашање се цртежи, па доколку не знаете тогаш навистина би стекнале впечаток дека Алфа планира да се обиде во ова најтешко рели.

Ова е само желба на фановите на Alfa Romeo, но јасно е дека од тоа нема да има ништо бидејќи овој тим се посветува на Формула 1 и веќе потпиша договор со Sauber. Сепак, нема ништо лошо во сонувањето.

Овие цртежу од Alfa Romeo 4C не се ништо ново бидејќи се појавија и во 2015 година кога ентузијастот Лоренцо Прати го покажа своето видување на моделот 4C во рели верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK